strumica denes logo

ШОУТО „THE VOICE“ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе се бара најмоќниот глас!

Автор:

Датум:

октомври 11, 2026

Автор:

Датум:

октомври 11, 2026

Македонската радио-телевизија периодов најавува повеќе нови проекти, а еден од нив е и светскиот музички формат „The Voice“. МРТ преку промотивно видео го најави проектот со порака дека е време Македонија да го слушне својот најмоќен глас.

На сцената треба да застанат таленти од целата држава и да ги покажат своите вокални способности.

Тие ќе настапуваат пред најголемите музички имиња, со цел да покажат дека токму нивниот глас заслужува да биде слушнат. Од МРТ проектот го најавуваат како светски мега-проект. Со ова телевизијата продолжува со најавите на нови содржини и проекти во периодот што следува.