СФЕСТ, второто издание на музичкиот фестивал во Струмица, ќе се одржи од 24 до 26 јули 2026 година во Градски парк, во близина на стадионот. Фестивалот и оваа година носи концепт на три бини, во три вечери, со различен карактер и прилика да се слушне звукот на сите генерации
СФЕСТ дебитираше минатото лето со одлична посетеност и енергија, а најголемиот пик се случи во втората вечер — сигнал дека градот и регионот имаат реална потреба од ваков настан. Публиката беше претежно млада, од Струмица и околните градови, со интерес кон различни жанрови и фестивалско искуство на отворено.
Покрај музичката програма, СФЕСТ ја развива и „festival experience“ страната — со базар зона со внимателно селектирани изложувачи, различни активности, креативни зони, панели и уште многу други изненадувања. Фестивалот нуди целосна ноќна програма и континуитет на атмосферата.
СФЕСТ е проект на организацијата МЦП (Мјузик Конектс Пипл) од Струмица — тим кој годинава работи во проширен состав и со јасна цел (продукција, логистика, маркетинг и ПР, документација и партнерства). Организацијата и продукциските подготовки се реализираат со поддршка и консултации од Password Production, познати по организација на Д Фестивал, Таксират, ПИН конференција и други музички настани.
Програмата и билетите ќе бидат објавени на наскоро



























