СЕКОЈА ЧЕСТ: СТРУМИЧКОТО КАФЕ „СТОП“, БЕСПЛАТНО ЌЕ ДОСТАВУВА ОВОШНИ ПИЈАЛОЦИ ДО СИТЕ ЛЕКАРИ И МЕДИЦИНСКИ РАБОТНИЦИ ВО БОЛНИЦАТА ВО СТРУМИЦА!

март 16, 2020

The Coffee STOP:

Почитувани,

Како што сите добро знаеме по препораките на Министерството за Здравство сите кафетерии и угостителски објекти не работат во цела Македонија а со тоа и во Струмица. Токму поради таа причина денес тимот на Кафе СТОП изврши дезинфекција на целиот објект и опремата за приготвување на пијалоци. Поради тоа што неизвесно е колку време ќе бидеме затворени за работа Кафе СТОП сака да овозможи целокупната залиха од овошје која ја имаме на располагање во моментот да ни биде дозволено да ја приготвиме во освежителни овошни пијалоци кои бесплатно ќе ги доставиме до сите лекари и медицински работници во Градската Болница во Струмица. Воедно ги повикуваме сите останати угостители да се придружат на оваа наша иницијатива.
Ова е само една мала благодарност до луѓето кои неуморно работат и се грижат за сите останати во овие несекојдневни случувања. Доколку некој има предлог кој може да ни го одобри ова нека пише во коментар или инбокс. (Ова е поради тоа што не смееме да работиме воопшто па дали има некој што ќе ни предложи каде да се обратиме за да ни биде дозволено?)
Ви благодариме

Тимот на Кафе СТОП

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ