strumica denes logo

Секој студент во Македонија до 29 години ќе добие ваучер од 250 евра за набавка на таблет, компјутер или лаптоп!

Автор:

Датум:

јули 16, 2025

Автор:

Датум:

јули 16, 2025

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на денешната прес-конференција најави конкретна мерка за поддршка на студентите – ваучери во вредност од 250 евра (15.300 денари) за набавка на персонален компјутер, лаптоп или таблет.

„Секој редовен или вонреден студент на додипломски студии, запишан на државен или приватен факултет и до 29 години возраст, ќе добие техничко помагало кое ќе му помогне во следење на наставата и академскиот развој“, изјави Попов.

Според него, станува збор за предлог-закон што веќе е поднесен до Собранието, а средствата за реализација се предвидени во државниот буџет.

Оваа мерка, како што нагласи, е дел од пошироката политика на ВМРО-ДПМНЕ за модернизација на образованието и создавање еднакви услови за сите студенти.

„Ова е политика на конкретни решенија, а не празни флоскули. Политика на реализација, а не на лаги и празни ветувања“, рече Попов.

Тој додаде дека институциите се подготвени да ја спроведат мерката брзо, транспарентно и ефикасно, со цел што побрзо да им се овозможи на младите пристап до современа технолошка поддршка.

„Со гордост можам да кажам дека ова е само почетокот. Следуваат уште многу убави мерки и проекти за младите, кои ќе помогнат во создавањето подобра и просперитетна иднина за сите“, порача Попов.