Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
И основните училишта од Струмица се опфатени со кампањата „Здрава ужинка за секое дете“.
Секој ученик добива по 4 килограми јаболка со што се поттикнуваат на здрави навики во исхраната.
Овој проект го реализира Министерството за земјоделство, а целта е да се зголеми потрошувачката на овошје во државата.
Му благодариме на министерот Љупчо Николовски на грижата за здравјето на нашите ученици од основните училишта.