strumica denes logo

СЕЌАВАЊЕ: 11 години без првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева!

Автор:

Датум:

мај 31, 2025

Автор:

Датум:

мај 31, 2025

Зора Ѓоргиева е родена 26 април 1935 година во Струмица. Таа беше македонска актерка, првенка на Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Од 1953 до пензионирањето во 1996 работела како глумица во струмичкиот театар. Имала одиграно над 150 улоги. Добитничка е на лауреатите на Театарските игри „Војдан Чернодински“ во Прилеп за улогите: Тања (1967): Бланш Дибоа (1970): Баба ни Ева (1974): Јацинта (1975): Андромаха (1987). Во 1988 година од ревијата „Екран“ била прогласена за глумец на годината. Во 1996 година ја добила наградата за најдобро глумечко остварување на ФКТ „Ристо Шишков“ за улогата на Аманда во „Стаклена менажерија“. Била и трикратна добитничка на годишната награда на СО Струмица и награда за животно дело на 36 МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 2001 година.

Ѓоргиева ги остварила следните филмски и телевизиски улоги:

1975: Волшебното самарче
1982: Едно лето
1984: Белото циганче
1994: Бумбари
2001: Прашина
2007: Сенки
2013: Игра и спас

Починала во Струмица на 31 мај 2014 година.