strumica denes logo

СЕДУМ ДЕНА ПО АКЦИЈАТА НА „КОМУНАЛЕЦ“ – ДАЛИ НАШАТА ЕКОЛОШКА СВЕСТ СÈ УШТЕ „СПИЕ“?

Автор:

Датум:

ноември 26, 2025

Автор:

Датум:

ноември 26, 2025

Само седум дена откако локацијата беше целосно исчистена, просторот повторно е покриен со отпад. Иако пред една недела таму немаше ниту хартија, денес повторно можат да се забележат најлон-кеси, пластични шишиња и друг ситен комунален отпад фрлен од несовесни граѓани.

Оваа состојба уште еднаш го отвора прашањето: колку е навистина развиена нашата еколошка свест и лична одговорност кон просторот во кој живееме?

Надлежните служби потсетуваат дека редовно го чистат овој и слични простори, но нивниот труд останува залуден доколку граѓаните и понатаму несоодветно го фрлаат отпадот. Одговорните апелираат секој поединец да покаже повеќе совесност и почит кон јавните површини, затоа што чистотата на градот не зависи само од комуналните служби, туку од однесувањето на сите нас.

Пораката е јасна: доколку сакаме чиста и уредна средина, мора да почнеме од себе, да не фрламе отпад каде што не му е место и да ги поттикнеме и другите да го прават истото. Само така ваквите места нема за една недела повторно да се претвораат во жариште на отпад, туку ќе останат чисти и уредни, како што заслужува секоја заедница.

  • Banner