strumica denes logo

СЕ ЗАПАЛИ СТАН ВО СТРУМИЦА – ЕДНО ЛИЦЕ ГО ЗАГУБИ ЖИВОТОТ!

Автор:

Датум:

јули 17, 2025

Автор:

Датум:

јули 17, 2025

Денес, (четврток) 17.07.2025 година, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален стан на четврти кат од колективна станбена зграда, на улица Б.Ј.Мучето. При гаснењето на пожарот, за жал во станот беше пронајдено починато лице.

Сите други станови во зградата се заштитени од пожарот и сите останати станари се безбедно евакуирани.

Причините за настанувањето на пожарот и смртта ќе бидат утврдени од надлежни институции.