Од ЈПКД Комуналец – Струмица информираат дека деновиве е констатиран сериозен проблем со канализацискиот систем кај објектите на СВР Струмица и Центар за дијализа.
Според надлежните, овие објекти во минатото биле приклучени на канализација преку септичка јама, што претставувало диво и несоодветно решение, кое со години предизвикувало сериозни проблеми во функционирањето.
Со цел трајно надминување на состојбата и овозможување легално приклучување на градската канализациска мрежа, во тек се интензивни активности на терен. Се врши чистење и порамнување на околниот простор, ископ на канали, како и поставување нови канализациски цевки, кои директно ќе бидат поврзани со градската мрежа.
























