СЕ РАБОТИ АКТИВНО: СЕ ОБНОВУВААТ ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ ВО СТРУМИЦА!

мај 22, 2019

Заради зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ врши обновување на хоризонталната сигнализација во градот. И оваа година предност имаат пешачките премини пред основните и средните училишта и клоновите на градинката „Детска радост“. Според директорот на претпријатието, Митко Бујуклиев, досега се обележани 1.200 метри квадратни, а оваа пролетна акција ќе продолжи на сите локации на кои што од безбедносни причини е потребно обновување на хоризонталната сигнализација.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ