strumica denes logo

Се печатат учебниците за следната учебна година

Автор:

Датум:

мај 16, 2024

Автор:

Датум:

мај 16, 2024

Министерството за образование на Фејсбук соопшти дека започна печатењето на сите учебниици од прво до седмо одделение, кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници, а ќе се применуваат од следната учебна година.

-Процесот е отпочнат навремено, во вообичаениот период на печатење како и во изминатите години и наскоро целосно ќе се заокружи. Кон крајот на овој месец или најдоцна на почетокот на јуни ќе биде извршена испораката до сите основни училишта во државата, согласно побараниот тираж на учебници од секое училиште. Така што, учениците новата учебна година ќе ја започнат со целосно нови испечатени учебници кои ќе ги чекаат на нивните клупи, се вели во објавата.

Во меѓувреме, од МОН велат дека заедно со другите надлежни институции ќе продолжат да вложуваат во изработка на нови наставни програми и учебници, како еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес.