Се отвори „Роса школо за родителство“ во Струмица!

декември 18, 2019

Со задоволство ве информираме дека денеска во ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“ официјално беше отворено новото „Роса школо за родителство“, донација од Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola, а во партнерство со Министерството за здравство.

На денешното отворање, присутните медиуми и тимот доктори кои ќе работат во рамки на школата, ги поздравија министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, директорката на болницата, Љубица Митева и бренд менаџерот за негазирани пијалаци во Пивара Скопје, Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ