Новак Ѓоковиќ за првпат се огласи во јавноста по хаосот што настана по неговото пристигнување во Мелбурн и укинатата виза од страна на австралиските власти.
Најдобриот светски тенисер преку профилите на социјалните мрежи испрати порака: Мир Божји. Христос се роди. Среќен Божиќ. Божјата љубов нека ве исполни.
Веднаш потоа, следеше и благодарност до сите оние кои му даваат безрезервна поддршка во овие тешки моменти.
„Благодарност до моето семејство, до Србија и до сите добри луѓе ширум светот што ми испраќаат поддршка. Благодарност до Бога за здравјето“, порача Новак Ѓоковиќ.