„СДСМ, предводена од Димитар Ковачевски во пресрет на најтешката зима по Втората светска војна, во услови на глобална економска и енергетска криза одговорно и посветено работи на надминување на последиците.
Преземени се конкретни чекори за зголемено производство на струја, обезбедување доволни количини енергија, но и поддршка на граѓаните и стопанството за полесно справување со последиците.
Oграничена е трговската маржа на електричната енергија, со што им се излегува во пресрет на компапниите, училиштата и други субјекти кои со струја се снабдуваат на слободниот пазар.
Цената на електричната енергија за крајните потрошувачи, односно домаќинствата, и натаму ќе биде субвенционирана од страна на државата во висина од 80 отсто, а тие ќе плаќаат 20 проценти од потрошената струја.
Планирано е домашното производство на електрична енергија да се зголеми за 25 отсто. На сила се мерките за штедење во институциите. Поедноставена е постапката за поставување на на фотонапонски панели.
Владата има јасен план за пребродување на овој кризен период и продолжува посветено да работи во интерес на сите граѓани и стопанството.
И додека СДСМ презема мерки во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски по секоја цена продолжува со блокадите.
Наместо конструктивност ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со барањата за избори, за референдум, со активни и пасивни блокади се обидуваат да го попречат нормалното функционирање на институциите, на штета на домашната економија, на штета на граѓаните.
Нивините деструкции одново ќе бидат поразени“, се вели во соопштението на СДСМ.