strumica denes logo

СДСМ УШТЕ НЕМА КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО СТРУМИЦА – ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИЗЈАВИ ДЕКА ЧЛЕНОВИТЕ И АНКЕТИТЕ ЌЕ ОДЛУЧАТ!

Автор:

Датум:

мај 27, 2025

Автор:

Датум:

мај 27, 2025

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, изјави дека постапката за избор на кандидат за градоначалник на Струмица сè уште не е завршена. Тој истакна дека одлуката ќе се базира на мислењето на членството и на резултатите од анкетите.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Сега, кога се приближуваат избори, секогаш на површина излегуваат различни амбиции, желби итн. Главната улога ја имаат членовите и анкетите, и тоа е ексклузивно, бидејќи ние ги носиме одлуките“, рече Филипче, коментирајќи го процесот на утврдување на кандидатите за локалните избори во Струмица.

На директно прашање дали актуелниот градоначалник Коста Костадинов ќе добие шанса за втор мандат, Филипче одговори: „Нека завршат сите овие постапки и ќе соопштиме јавно кој ќе биде кандидат за градоначалник во Струмица.“

Тој нагласи дека сите актуелни градоначалници од СДСМ, вклучително и во Струмица, иницијално ја имаат поддршката од партијата за уште една кандидатура, но крајната одлука ќе биде донесена врз основа на внатрепартискиот процес.

Филипче одби да прогнозира колку градоначалници и советници СДСМ би освоил на претстојните избори, но подвлече дека партијата се консолидира и дека тој има четиригодишен мандат кој има намера да го заврши до крај.