strumica denes logo

СДСМ-СТРУМИЦА со апел до градоначалникот Костадинов веднаш да изнајде решение и да го исплати долгот кон ЈП Паркиралишта-Струмица!

Автор:

Датум:

август 19, 2025

Автор:

Датум:

август 19, 2025

Соопштение на СДСМ-Струмица:

Почитувани вработени во ЈП “Паркиралишта” Струмица и почитувана јавност.

ОО СДСМ Струмица сака да изрази загриженост за состојбата во кое е доведено ЈП “Паркиралишта” Струмица.

ОО СДСМ со политиките во минатото е препознатлив по ажурноста и редовното сервисирање на обврските кон јавните претпријатија, па затоа ИТНО АПЕЛИРАМЕ, градоначалникот Костадинов веднаш да изнајде решение и веднаш да го исплати долгот кон ЈП Паркиралишта Струмица, за вработените да можат да ги добијат своите заостанати плати и да фунционираат во нормални услови.

Општина Струмица е симбол на ефикасност и почитување на работничките права, затоа нема да дозволиме да се руши кредибилитетот кој е граден години наназад.

ОО СДСМ Струмица, ги почитува сите работнички права и ги поддржува работниците во користење на сите правни алатки за заштита на нивните права.

А за крај се прашуваме, зошто сега, зошто вака?

Почитуван градоначалник,
по принципите на социјалдемократските вредности, овозможете работникот да биде вреднуван и уважуван со дела, а не со зборови!