Министерството за одбрана на Русија преку соопштение негираше вмешаност во експлозијата во Полска. Русија соопшти дека вчера извршила голем напад врз воени цели и енергетска инфраструктура во Украина.
„Нападите ги постигнаа своите цели. Високопрецизни удари беа извршени само на украинска територија и не поблиску од 35 километри од украинско-полската граница. Наводите за падот на руски ракети врз полско село се намерна провокација за ескалација на ситуацијата. Фотографиите од остатоците пронајдени во Полска се идентификувани како елементи на украинскиот С-300″.
Руските тврдења не се проверени,пренесе Индекс.хр.