strumica denes logo

Русија ќе купува злато и девизи за да ги надомести ослабнатите резерви

Автор:

Датум:

август 11, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Автор:

Датум:

август 11, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Русија ќе почне да купува девизи и злато бидејќи закрепнувањето на енергетските приходи ги доведе над целта поставена во буџетот, пишува Блумберг. Министерството за финансии на Руската Федерација минатата недела соопшти дека ќе купи 40,5 милијарди рубљи (433 милиони долари) за време на периодот од 7 август до 6 септември, под буџетски механизам дизајниран да ја изолира економијата од нестабилноста на пазарите на стоки.

Златните и девизните резерви на Русија во мај се намалија за 11,6 милијарди долари, стигнувајќи до 584,2 милијарди долари. Според податоците на националните централни банки, Русија ѝ го отстапи четвртото место на Индија меѓу економиите со најголеми меѓународни средства и падна на петтото место. Русија, Турција, Индија и Кина претставуваат речиси 60% од нето-промената на златните резерви на глобално ниво од 2017 до 2022 година.

Од друга страна, Кина, според објавените податоци, и понатаму останува на врвот кога се во прашање меѓународните златни резерви – на крајот на мај 2023 година, нејзините средства изнесуваа 3,371 трилиони долари.

Во март, Руската централна банка (РЦБ) го обнови објавувањето податоци за структурата на девизните резерви.

Откако купувањата беа стопирани кон крајот на јануари 2022 година, проследено со суспензија на програмата по инвазијата на Украина следниот месец, руското министерство за финансии лани само продаваше девизи, како дел од фискален механизам за обнова.

Со оглед на тоа што најголемиот дел од своите девизни резерви се замрзнати поради американските и европските санкции, јуанот е главното средство што Русија сè уште може да го користи за такви операции. Русија добива околу една третина од буџетските приходи од индустријата за нафта и гас.

Министерството за финансии оваа година продаваше злато и девизи. Навистина, набавките беа прекинати во јануари 2022 година. Откако земјата ја нападна Украина, најголемиот дел од нејзините резерви беа замрзнати поради американските и европските санкции. Русија сè уште може да купува јуани.

Најголемиот купувач на злато од 2017 до 2022 година е убедливо централната банка на Русија (иако податоците за Русија се всушност само до крајот на 2021 година. Санкциите што САД ги воведоа кон Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина ефективно го направија Стотици милијарди американски долари што руската централна банка ги држи безвредни. Русија неодамна соопшти дека дополнително ги зголемила своите акции во шипки во 2022 година.