РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ИЛОН МАСК: Единствениот разумен човек во Америка!

септември 11, 2023

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, ја коментираше информацијата дека сопственикот на социјалната мрежа „Х“ минатата година ја ограничил работата на „Старлинк“ и со тоа го спречил нападот на Киев врз руската флота, оценувајќи дека Илон Маск , ако ова е вистина, е последниот здрав човек во Северна Америка.

Или барем меѓу последните кои имаат поим за родово неутрална Америка“, напиша Медведев на мрежата „Х“.

Да потсетиме дека претходно американската ТВ Си-Ен-Ен објави делови од биографијата на Илон Маск каде меѓу другото се наведува дека бизнисменот наредил да се ограничи работата на сателитот интернет „Старлинк“ во околината на Крим и со тоа го спречил украинскиот напад на флотата.
Според телевизискиот канал, Маск бил загрижен дека Русија ќе му возврати на „малиот Перл Харбор“ со нуклеарно оружје.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ