РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
Управување и организација
• Проектира, развива и подобрува механички конструкции и алати;
• Подготвува техничка документација (цртежи, спецификации, 3D модели);
• Координира технички активности со производствените и одржувачките сектори;
• Учество во анализа на дефекти и изнаоѓање решенија за технолошки подобрувања.
Планирање
• Учествува во стратешко и оперативно планирање за механичка опрема и конструкции;
• Предвидува технолошки подобрувања и реконструкции на постоечка опрема.
Анализи, информации, прегледи и извештаи
• Изготвува технички и економски анализи за нови решенија;
• Подготвува извештаи за изведени проекти и предлага иновации.
Интерна соработка
• Соработува со машински инженери, техничари и оператори;
• Да обезбеди техничка поддршка при изработка и монтажа на алати.
Законска регулатива и процедури
• Обезбедува усогласеност со технички стандарди (ISO, EN, ASME) и законска регулатива во областа на проектирање и безбедност.
Управување со документација
• Води евиденција на изработени цртежи, проекти и прототипи;
• Архивира техничка и проектна документација.
Проекти:
• Самостојно спроведува или учествува во имплементација на инженерски проекти;
• Следи и имплементира нови инженерски практики и технологии.
Законска регулатива и процедури:
• Учествува во подобрување на процедури за инженерско проектирање;
• Вклучен во воведување на стандарди за дизајн, ергономија и одржливост.
Друго
• Врши и други задачи по налог на претпоставениот.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
• ВСС – Машински факултет;
• Познавање на AutoCAD, SolidWorks 3D;
• Познавање на MS Office пакет;
• Познавање на Англиски јазик;
• Најмалку 3 години работно искуство на исто или слично работно место.
ШТО НУДИМЕ:
• Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
• Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
• Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
• Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.
РАБОТНО ВРЕМЕ:
Работа во дневна смена со следниот распоред:
• 08:00-16:00 часот од Понеделник до Петок
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Инженер – конструктор“.
Краен рок за поднесување на апликации: 29.08.2025 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.