strumica denes logo

РУДНИК „БУЧИМ“ ВРАБОТУВА АСИСТЕНТ НА РАКОВОДЕН ОРГАН/СЛУЖБЕНИК ЗА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ – ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ, ПОТРЕБНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ И УСЛОВИТЕ!

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
• Административна поддршка:
– Организирање и координирање на работни активности, вклучувајќи собирање и документирање на релевантни информации и материјали во домен на корпоративна општествена одговорност
– Подготовка и уредување на деловни документи: дописи, записници, агенди, извештаи и презентации.
– Одржување на електронска база на податоци и документација,
– Обезбедување на административна поддршка, вклучувајќи управување со документи, како и следење на рокови за проекти.

• Комуникација и кореспонденција:
– Примање и одговарање на телефонски повици, е-пошта и писма и други комуникации.
– Пренесување на информации и задачи од зам. управителот до други релевантни служби, за одржување на координација во работењето.
• Истражување и анализа:
– Извршување истражувања за актуелни трендови и иницијативи во областа на корпоративна општествена одговорност
– Подготовка на аналитички извештаи со резултати од истражувањата и обработка на податоци

• Организација на настани:
– Планирање и организирање на внатрешни и надворешни настани, вклучувајќи управување со логистика,
– Координација на активности: Соработка со сите релевантни оддели и надворешни партнери за да се осигураат сите аспекти на настанот се координирани и реализацијата е успешна.

• Поддршка во управувањето со проекти:
– Следење на напредокот на проектите во областа на корпоративната општествена одговорност и редовно известување за статусот и постигнатите резултати.
– Комуникација со членови на проектниот тим за координација на задачи и активности, осигурувајќи исполнување на роковите.

• Изработка на извештаи и анализа на резултати:
– Подготовка на редовни извештаи за активностите и постигнувањата во областа на корпоративната општествена одговорност, со акцент на постигнатите цели и предлози за идни активности.
– Следење и анализа на ефектите од програмите за корпоративна општествена одговорност, собирање податоци и формулирање заклучоци за усовршување на идните иницијативи.

• Работа со ИМС документација
– Организирање, класифицирање и одржување на документацијата поврзана со интегриран менаџмент систем (ИМС)
• Извршување на други сродни задачи:
– Извршување на дополнителни задачи и активности кои произлегуваат од работата на раководниот орган, по потреба и по упатство на управителот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
• Високо образование – социјални науки, општествени науки, или сродни области.
• Претходно работно искуство од минимум 1 години во сродна областа/ административна поддршка;
• Солидно познавање на MSOffice пакетот(excel);
• Солидно познавање на Англиски јазик;
• Способност за тимско работење;

ШТО НУДИМЕ:
• Конкурентна месечна плата во зависност од квалификациите
• Исплата на додадоци на плата согласно ЗРО
• Обезбеден оброк
• Обезбеден превоз до/од работното место
• Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа

РАБОТНО ВРЕМЕ:
Работа во дневна смена од понеделник до петок од:
• 08:00 – 16:00 часот

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование.Во предметот на пораката наведете “Оглас за Асистент на раководен орган”.

Краен рок за поднесување на апликации: 22.10.2024 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV нема да бидат разгледани. Доставувањето на диплома за завршено образование е задолжителен услов за разгледување на апликацијата.