strumica denes logo

РУДНИК „БОРОВ ДОЛ“ ВРАБОТУВА ЗАВАРУВАЧ – ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ПОТРЕБНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ!

Автор:

Датум:

октомври 16, 2024

Автор:

Датум:

октомври 16, 2024

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
• Рачно заварување на метални делови со следиве техники: РЕЛ, МИГ И ТИГ;
• Рачно сечење на метални делови со седниве техники: примена на гасен пламен, електролак или други методи;
• Читање и толкување на технички цртежи: Прецизно разбирање на работилнички цртежи од склопови и подсклопови за правилна имплементација на машински делови;
• Kонтрола и надгледување на: процесот на заварување со цел да се избегне прегревањето, искривувањето или оштетувањето на металните делови;
• Подготовка на: работни шаблони според определени спецификацииили точно утврдени работилнички цртежи;
• Работа со рачен алат: Вешто користење на електричен и пневматски алат за извршување на работните задачи;
• Извршување на задачи според работен налог: Точно исполнување на задачите во предвиденото време, според налог на претпоставениот;
• Тимска работа: Учествување во тим од 6 работници и активна соработка за постигнување на заедничките цели;
• Примена на безбедносни мерки: Почитување на барањата за безбедност и здравје при работа на работната позиција;
• Почитување на работниот опис: Исполнување на сите работни задачи дефинирани во описот на работното место;
• Извршување дополнителни задачи: Спроведување на други машино-браварски активности според налог на претпоставениот.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
• Завршено средно стручно образование (заварувач,машинобравар);
• Најмалку три години работно искуство за бараната позиција;
• Способност за тимска работа;
• Поседување на сертификати на дадената позиција (заварувач)се смета за предност;
• Возачка дозвола В категоријасе смета за предност;

ШТО НУДИМЕ:
• Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
• Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
• Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
• Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:
Работа во дневна смена од понеделник до петок во време од:
• 08:00 – 16:00 часот

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@borovdol.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Заварувач “.

Краен рок за поднесување на апликации: 23.10.2024 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетитеCVнема да бидат разгледани.
Доставувањето на диплома за завршено образование е задолжителен услов за разгледување на апликацијата.