Ристо Манчев, градоначалник на општина Босилово:
И покрај постојаните превривања од економска, должничка и енергетска криза, сепак во последните неколку недели ООУ ,,Гоце Делчев” – Босилово успеа комплетно да реновира две училници со цел да овозможи пристојни услови за современа настава.
Покрај стандардниот училишен мебел, училниците располагаат и со смарт табла со проектор и телевизор поврзан со компјутер за поефикасно одвивање на образовниот процес. Исто така обезбеден е и друг училишен мебел, книги за библиотеката, итн.
Иако е скромно, сепак е многу важно затоа што се што се прави во училиштата се прави со минимални средства или со донации.
Се надеваме дека сега дечињата полесно ќе ги совладуваат лекциите и ќе се здобиваат со повеќе знаења.