Во Струмица е закажан јавен протест против аерозагадувањето, со цел да се изрази незадоволството на граѓаните од долгогодишниот проблем со загадениот воздух и неговото влијание врз здравјето и квалитетот на животот.
Од Здрава Котлина упатуваат јавен повик до сите граѓани да се приклучат и заеднички да го искажат револтот, посочувајќи дека состојбата со аерозагадувањето повторно ги принудува жителите да излезат на улица и јавно да побараат конкретни и ефикасни решенија.
Протестот ќе се одржи на 24 јануари 2026 година, со почеток во 12:00 часот, на раскрсницата пред ТЦ „Глобал“.
Од иницијаторите порачуваат дека присуството на што поголем број граѓани е клучно за јасно и гласно да се испрати порака до надлежните институции дека здравата животна средина е право, а не привилегија.

























