РЕЦЕПТ ЗА СВИНСКИ УВИЈАЧ ВО СОС – РЕЦЕПТ НА „БАЛКАН ТВИСТ“

мај 25, 2023

Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!

Потребни состојки:

– свински врат 🥩
– пршута 🥓
– кашкавал 🧀
– сенф
– бело вино 🥂
– кајмак
– павлака за готвење 🥡
– лук 🧄
– путер 🧈
– зачини: сол, црн пипер, вегета 🧂

Начин на подготовка:

🔪 Вратот насечете го на тенки парчиња.
🔨 На проѕирна фолија наросете од зачините, ставете го парчето свинско месо, ставете и врз него од зачините. Покријте го со проѕирна фолија и чукајте додека не стане што потенко.
🧀 Потоа, премачкајте со малку сенф, ставете парчиња кашкавал, и замотајте во увијач.
🥓 Увијачот замотајте го со парчиња пршута.
Пржете го во тава на загреано масло. Откако ќе се испржи тргнете го настрана.
🥂 Во истата тава, ставете путер да се растопи, додадете бело вино, а потоа додадете лук и павлака за готвење.
🕚 Откако ќе проврие неколку минутки, додадете кајмак и зачини и вратете ги увијачите во сосот уште 3-4 минути.
👌 Пред да ги извадите ставете парчиња кашкавал врз нив да се растопи.

 

Видео:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ