Рецепт за свинска кременадла со сос од кромид

мај 8, 2023

ЗА ПОВЕЌЕ РЕЦЕПТИ ЗАСЛЕДЕ ГО ИНСТАГРАМ ПРОФИЛОТ @brzi.i.vkusni.recepti

 

Потребни состојки:
– свински кременадли 🥩
– кромид 🧅
– пиво 🍺
– путер 🧈
– брашно
– зачини: сол, црн пипер, вегета 🧂

Начин на подготовка:
🥩 Кременадлите маринирајте ги со масло, сол, црн пипер и вегета и оставете ги преку ноќ во фрижидер.
🧅 Кромидот надробете го и во грне редете ред кромид, кременадли, врз кременадлите повторно кромид.
🍺 Додадете чаша пиво и коцка путер и печете на 220 степени околу 2 часа.
🫕 Откако ќе се испечат, извадете ги кременадлите а сосот од кромидот процедете го и ставете го во тава. Додадете лажичка брашно помешано со ладна вода и мешајте додека не се згусне.
По желба додадете и малку чили сос и сервирајте. Ние за гарнир одбравме пржен компир.

 

Видео:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: