strumica denes logo

Рецепт за најлесната чоколадна торта која ќе сакате да ја направите веднаш

Автор:

Датум:

март 9, 2023

Категории:

Рецепт, Струмица

Автор:

Датум:

март 9, 2023

Категории:

Рецепт, Струмица

Откако ќе ја видите, ќе посакате веднаш да ја направите оваа торта која се топи во уста и нема да може да се сопрете со желба за парче плус – има 5 состојки, а се прави во 2 чекори.

Обожаваме лесни рецепти кои ни привлекуваат внимание со вкусниот изглед, но и со едноставната подготовка.

Токму таков е овој рецепт за чоколадна торта, која наликува на топло-ладен колач, на која нема да може да одолеете.

Потребни состојки (за калап од 7 инчи или 17cm):

  • 145g солен путер, стопен
  • 360g шеќер
  • 120g брашно
  • 60g какао во прав
  • 3 големи јајца, изматени

Начин на подготовка:

  • Во сад со стопениот путер, ставете ги шеќерот, брашното, какаото и малку измешајте, па додадете ги изматените јајца и соединете ја смесата со мешање.
  • Намрсете го калапот, истурете ја смесата и печете во загреана рерна на 160 степени Целзиусови (со вентилатор), 30-35 минути.

Видео упатство: