strumica denes logo

Рецепт за мини крофнички од кои тече чоколадо кога ќе гризнете

Автор:

Датум:

март 25, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Автор:

Датум:

март 25, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Крофните наросени со шеќер секогаш потсетуваат на одмор и плажа, па зошто да не си ги направите сами дома, овојпат уште повкусни и полни со чоколадо?

Рецептот за овие мини, полнети крофни може да проба да го направи секој, а сигурно вкусот долго ќе ви остане во уста.

Не ви се потребни многу состојки, само ќе треба да издржите храбро додека ги пржите крофните.

Но сепак, вреди да го вкусите овој десерт кој ќе ве однесе на гастрономско патување.

Потребни состојки:

  • 100g рикота сирење
  • 2 јајца
  • 250g брашно
  • 16g прашок за печиво
  • Чоколаден крем со лешници
  • Шеќер за декорација

Начин на подготовка:

  • Изматете ги јајцата заедно со рикотата со рачен блендер. Потоа додадете брашно и прашок за печиво и измешајте ја добро смесата, па замесете го тестото со раце.
  • Формирајте долгнавеста форма и исечете го тестото на еднакви кружни парчиња.
  • Секое парче изролајте го, вдлабнете со прстите за да го проширите, во средина ставете крем по должина, а потоа залепете ги краевите на тестото преку кремот и формирајте круг.
  • Ставете да се пржат крофните во загреан зејтин додека добијат златеста боја.
  • Извалкајте ги во шеќер и сервирајте ги топли.

Детална постапка во видеото: