Кога ќе помислиме на похувани тиквички обично мислиме на храна што е полна со мрснотија, но и на нечист шпорет испрскан со масло од пржење. Дополнително, вообичаеното похување тиквички значи и стоење до шпорет по еден час, час и половина.
Ви нудиме еден рецепт за приготвување вкусни, крцкави, тиквички, што не впиваат многу мрснотија, нема да треба да „остарите“ над шпоретот и по приготвувањето нема да се соочите со хаос.
Потребни состојки:
- 2 тиквички со средна големина
- 4 јајца
- 150g рендан пармезан
- 5 лажици сусам
- 5 лажици презла
- 3 лажици брашно
- Сол
- Масло за јадење (околу 2 лажици за еден плех тиквички)
Начин на подготовка:
- Тиквичките треба убаво да се измијат и ги сечеме на кругови. Ги насолуваме и ги оставаме да пуштат вода и ги процедуваме уште еднаш.
- Во друг сад го мешаме брашното, презлата, пармезанот и сусамот.
- Посебно ги матиме јајцата и ги посолуваме. Овие тиквички се подготвуваат со два слоја, а тоа значи дека секоја тиквичка ја потопуваме во масло, во мешавина од брашно и пармезан, па пак во јајца и пак во мешавината од брашно и пармезан.
- Тиквичките се редат на плех обложен со хартија за печење. Дополнително на секоја тиквичка нанесуваме по малку масло.
- Ги печеме во рерна загреана на темепратура од 200 степени околу 20 до 25 минути, или додека не добијат убава златно-жолта боја.