Рецепт за клуб сендвич со варени јајца

октомври 26, 2023

Потребни состојки:

– тост лепчиња 🍞
– јајца 🥚
– марула
– крем сирење
– сланина 🥓
– млад кромид 🧅
– кашкавал 🧀

Начин на подготовка:

🥚 Јајцата ставете ги да се варат во вода, а потоа сварени ставете ги во ладна вода со лед. На тој начин побрзо ќе се изладат и полесно ќе се лупат.
🥓 Во тава пропржете ја сланината исецкана на ситни коцкички.
🍞 Потоа во истата тава во мрснотијата од сланината ставете ги тост лепчињата да се потпечат со парче кашкавал.
🥣 Во подлабок сад, варените јајца надробете ги со вилушка, додадете ја сланината, сецкан млад кромид и крем сирење и промешајте да се соединат состојките.
🥪 На едното тост лепче со кашкавал, ставете парчиња марула, потоа од смесата со варени јајца и преклопете со другото тост лепче. Брзо, едноставно и многу вкусно.

Видео:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ