Република Македонија ќе лансира сателит во вселената!

февруари 25, 2023
Space Station In Space. Realistic 3D Scene.

Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Црна Гора треба заеднички да лансираат сателит до јуни во проект кој е координиран од Индиската вселенска агенција. Во мисијата ќе учествуваат и деца, ученици од целиот регион со свои цртежи кои ќе бидат зачувани во сателитот. Леталото треба да полета од Индија во чест на 75 години од независноста на оваа земја, пишува босански Аваз.

Сателитот ќе се вика СЕСА, што е кратенка на англиски за Вселенска асоцијација на Југоисточна Европа и е меѓу вкупно 75 сателити кои ќе бидат испратени во вселената во три ракети од кои секоја ќе носи по 25 сателити. Внатре во сателитот ќе има мал простор од 10 кубни сантиметри каде ќе може нешто да се складира.

– Тие цртежи ќе бидат зачувани во сателитот што ќе го испратиме од Индија, така што нашите малечки ќе бидат дел од вселенската програма. Акцијата заврши во БиХ, Србија и Црна Гора, а сè уште трае во Хрватска и Северна Македонија – изјавил Анес Хаџиомеровиќ, претседател на Центарот за образование, роботика, иновации и технологија (ЦЕРИТ) од Мостар за босански Аваз.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ