strumica denes logo

РЕЧИСИ СТОТИНА РЕКРЕАТИВЦИ ОД СТРУМИЦА И РАДОВИШ БЕА ДЕЛ ОД „ВЕЖБАМЕ НА ОТВОРЕНО“ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јуни 18, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 18, 2019

Категории:

Струмица

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Четвртиот настан како дел од спортскиот месец на Струмица ОПЕН фестивал е „Вежбаме на отворено“. Речиси 100-тина рекреативци од Струмица и Радовиш, предводени од членовите на аеробик и пилатес клубот Go Fit синоќа вежбаа на отворено во градскиот парк. Случајните посетители беа сведоци на еден уникатен тренинг по аеробик, а дел од нив спонтано се приклучија на групата вежбачи. Инструкторот Елена Илков ја водеше групата во еден заеднички весел и позитивен ритам. Тренинзите ќе продолжат на 19 и 21 јуни од 19:00 часот на Езерцето во градскиот парк. Настанот е поддржан од Општина Струмица, Агенција за млади и спорт, Делегацијата на Европската унија, Фротирка, Bu Coffee.