strumica denes logo

РЕАКЦИЈА НА СТРУМИЧКОТО ВМРО-ДПМНЕ: ДРИМ ТИМОТ НА КОСТАДИНОВ ВО СТРУМИЦА СЕ РАСПАДНА – ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ ПРОГОВОРИЈА ЗА ХАОСОТ!

Автор:

Датум:

мај 7, 2025

Автор:

Датум:

мај 7, 2025

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ Струмица ви ја пренесуваме во целост:

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица најостро реагира на алармантната состојба во образованието во нашата општина, за која гласно проговорија самите просветни работници преку отворено писмо до градоначалникот. Наместо напредок, сведочиме на деградација на образованието, партизација, притисоци и беззаконие, кое секојдневно се практикува под покровителство на локалната власт.

Градоначалникот Костадинов, обземен од политички маркетинг и самобендисаност, продолжува да се шета низ Струмица со розови очила, одбивајќи да ја види реалноста, хаосот кој неговиот „Дрим Тим“ го создаде во училиштата. Наставниците, кои треба да бидат столбот на иднината, се притиснати, обезвреднети и оставени без поддршка. Наместо да се слушне нивниот глас, тие се замолчувани и игнорирани.

Во отвореното писмо јасно стои дека наставниците секојдневно се сведоци на криминал, злоупотреби, партиски вработувања и прикривање на беззаконие од страна на „вечните директори“ инсталирани од локалната власт.

Почитувани граѓани, ако образованието ни пропаѓа, ни пропаѓа и иднината. Време е за одговорност! Го повикуваме Костадинов конечно да ги симне розовите очила, да се соочи со вистината и итно да преземе мерки.

ВМРО-ДПМНЕ Струмица стои на страната на просветните работници. Време е образованието да им се врати на вистинските професионалци, а не на партиските кадри и корумпираните директори.

Доста беше молк, доста беа притисоци, време е за одговорност и промени!