strumica denes logo

РЕАКЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ: Сметките за струја во последните три месеци се повисоки од платата – „Ова веќе нема логика“, пишува Струмичанец на Фејсбук!

Автор:

Датум:

мај 22, 2025

Автор:

Датум:

мај 22, 2025

Сѐ поголем број граѓани од различни делови на Македонија изразуваат незадоволство и револт поради, како што велат, енормно зголемени сметки за електрична енергија во изминатите три месеци. На социјалните мрежи секојдневно се појавуваат објави од семејства кои велат дека добиваат двојно или тројно повисоки сметки за струја во споредба со истиот период лани, иако, според нивните зборови, потрошувачката не е зголемена.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Немаме нови уреди, не сме промениле ништо во секојдневието, а сметката е повисока за скоро 60%. Ова веќе нема логика“, реагира еден Струмичанец на Фејсбук.

Слични реакции пристигнуваат и од граѓани во Скопје, Битола, Куманово и Тетово, каде семејства со просечни примања велат дека едвај успеваат да ги покријат трошоците.

Покрај јавниот револт, дел од граѓаните побарале и појаснување од ЕВН, но, како што тврдат, одговорите биле или шаблонски или нејасни.

Граѓаните апелираат до надлежните институции да извршат контрола и да понудат транспарентно објаснување за поскапувањето, бидејќи, како што велат, сметките стануваат се понеподнослив товар за домашниот буџет.