(ФОТО+ВИДЕО) ПРВО И ВТОРО МЕСТО ВО РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ ОСВОИ СТРУМИЧАНЕЦОТ ДАНИЕЛ АНГЕЛОВ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ТЕТОВИРАЊЕ!

мај 29, 2019

Во Скопје изминатиот викенд се одржа првиот интернационален саем за тетовирање на кои учествуваа повеќе од 50 артисти од Германија, Исталија, Романија, Србија, Албанија, Бугарија, Црна Гора и од нашата Македонија. Артистите на саемот за тетовирање ги презентираа своите изработки од тетоважи во различни категории пред комисија составена од 4 членови првиот ден, и 5 члена вториот ден.

https://www.facebook.com/Tattoo.INKStrumica/videos/10157088100121461/

На интернационалниот саем за тетовирање учествуваше и нашиот артист од Струмица-Даниел Ангелов, кој учествуваше во категоријата (Црно-Бело реализам) и освои второ место. Ангелов исто така освои и прво место во категоријата (Најдобро од конвенцијата). Покрај наградите за на ѕид, Даниел Ангелов доби и машинка за тетовирање изработена рачно од Драган Бумбар Тривучич, еден од најдобрите мајстори во изработка на машинки за тетовирање во Европа.

Тимот на Струмица Денес му посакува многу успех на Даниел во иднина!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ