strumica denes logo

Путин го нападна Сорос: Неговите учебници имаат негативен ефект врз младите!

Автор:

Датум:

септември 24, 2025

Автор:

Датум:

септември 24, 2025

Рускиот претседател Владимир Путин, за време на состанокот со лидерите на фракциите на политичките партии во Државната Дума, предупреди за негативното влијание на учебниците на унгарско-американскиот финансиер и милијардер Џорџ Сорос врз децата.

„Рековте дека нивните умови се расипани од учебниците на Сорос. Навистина, таков проблем постоеше. Мислам дека многу работи сега се коригираат. И покрај сè, и покрај овие учебници и нивното негативно влијание е очигледно, нивото на семејна, јавна и државна заштита во нашето општество сепак се покажа како високо“ – рече Путин, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека младите луѓе покажуваат „патриотизам, подготвеност да ја бранат својата татковина и да ги почитуваат традиционалните вредности“.

Сепак, како што изјави, „ова прашање сè уште бара постојано внимание од општеството, медиумите и политичките партии“.