ПРВ ПОЗИТИВЕН СЛУЧАЈ НА КОРОНА: СТРУМИЧАНИ НА ФЕЈСБУК ПИШУВААТ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ОДЛОЖИ КАРНЕВАЛОТ И СИТЕ ДРУГИ МАСОВНИ СОБИРИ!

февруари 26, 2020

Македонија го регистрира првиот случај на корона-вирус во земјата. Станува збор за жена која во изминатиот период престојувала во Италија каде бројот на заразени лица во последните неколку дена е во постојан пораст. Таа заедно со уште две лица беше под опсервација, но за разлика од нив, нејзиниот тест покажал позитивни резултати. Ова го потврди министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференцијата попладнево во Влада.

По објавената вест многу наши струмичани пишуваат фејсбук статус дека карневалот и сите други масовни собири на луѓе да бидат одложени овој период. Засега нема никакви информации од главната организација на струмичкиот карневал за негово одложување.

Инаку, вчера и познатиот Д-р Митов потенцираше дека не е паметна идеја нашите иселеници од Италија сега да се враќаат во Струмица. Во коментари, доктор Митов доби голема поддршка од следбениците, а самиот тој потврди дека добил известувања за луѓе кои веќе се вратени.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: