strumica denes logo

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖИЈА И ДЕНЕС: ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ВОЗАЧИ ВО СТРУМИЦА ПОВТОРНО НА УЛИЦА!

Автор:

Датум:

август 26, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

август 26, 2019

Категории:

Струмица

Вработените во Здружението на возачи-Струмица, денеска повторно излегоа на улица и протестира! Вработените веќе неколку денови го искажуваат своето незадоволство од добивањето решение за забрана за вршење технички преглед на возилата. Тие рекоа дека надлежните мора да разговараат со нив и заеднички да најдат решение корисно за сите! Изјавија дека протестите ќе продолжат доколку нивниот глас не биде слушнат.

„И денес на иста локација ,продолжуваме со едночасовен мирен протест “И ДЕНЕС НАДЛЕЖНИТЕ СПИЈАТ УШТЕ ” се надеваме дека некој ке се уважи да дојде да ни објасни на која улица протестираме односно постои ли патот СТРУМИЦА -ПРОСЕНИКОВО или не постои“ – напиша еден од вработените на социјалната мрежа фејсбук.