Неексплодирана граната за која се претпоставува дека е уште од Првата Светска војна вчера напладне била пронајдена и однесена во полициска станица во Берово. Иако постои опасност од активирање при нејзино поместување од местото каде била пронајдена лицата сепа одлучиле да ја земат и да ја пријават кај надлежните.
Веднаш биле повикани пиротехничари по што експлозивната направа е преземена за уништување, информира ЦУК.
Регионалниот центар за управување со кризи – Штип информира дека настанот се случил вчера во 12.30 часот.
– ВАКВАТА ПОСТАПКА МОЖЕБИ ИЗГЛЕДА ПРАВИЛНА, НО ТОА Е САМО ДЕЛУМНО, ЗАШТО Е КОНТАКТИРАНО СО ПОЛИЦИЈАТА И СЕПАК ОД БЕЗБЕДНОСЕН АСПЕКТ, Е НЕСООДВЕТНА. ГРАЃАНИТЕ ЗАРАДИ СВОЈА БЕЗБЕДНОСТ И НА ОКОЛИНАТА ОКОЛУ НИВ, ТРЕБА ДА ПОСТАПУВААТ СОГЛАСНО БЕЗБЕДНОСНИТЕ ПРЕПОРАКИ ПРИ ВАКВИ СЛУЧАИ. КОГА ЌЕ ПРОНАЈДАТ КАКВИ БИЛО НЕЕКСПЛОДИРАНИ УБОЈНИ СРЕДСТВА ИЛИ ОСТАТОЦИ ОД МИНАТИТЕ ВОЈНИ, ПРЕПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ Е ДА НЕ ГИ ДОПИРААТ И ПОМЕСТУВААТ, ТУКУ ЕДНОСТАВНО ДА СЕ ЈАВАТ НА 112 ВО ЦУК. ЌЕ СЕ ПОСТАПУВА СПОРЕД СТАНДАРДНИТЕ ОПЕРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ ЗА ВАКВИ СЛУЧАИ ОД СТРАНА НА ПРОФЕСИОНАЛЦИ – ПИРОТЕХНИЧАРИ, БЕЗБЕДНО ЗА НИВ И ЗА СИТЕ ВО НИВНАТА ОКОЛИНА – АПЕЛИРААТ ОД ЦУК.