ПРОНАЈДЕНИ 11 МИГРАНТИ ВО АУДИ СО СТРУМИЧКИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ ВО БЛИЗИНА НА МИРАВЦИ

мај 6, 2023

На 05.05.2023 во 20.20 часот на автопатот А1, кај клучка Миравци, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ дале знак за запирање на патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, но возилото не застанало. Набргу, возилото било запрено и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија и едно лице мигрант од Ирак, кои биле сместени во прифатно-транзитен центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: