Струмичката полиција го пронајде и приведе лицето осомничено дека синоќа физички нападнало малолетно девојче и ја ограбило. Како што претходно беше пријавено, ноќта на 11 јуни околу 01:00 часот во Струмица, машко лице ја нападнало и ѝ ја одзело чантата на малолетна девојка, ќерка на А.П.Д. (42) од Струмица, кој случајот го пријавил во СВР Струмица во 02:15 часот.
По преземените мерки и активности од страна на полицијата, сторителот е идентификуван и приведен. Од СВР Струмица информираат дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а случајот е целосно расчистен.
Полицијата најави и натамошни активности за подигнување на безбедноста во урбаните подрачја, особено во ноќните часови.