ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ СОУ„ЈАНЕ САНДАНСКИ“-СТРУМИЦА И СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ ОД ОБРОВАЦ – ХРВАТСКА!

јуни 1, 2019

Пред пет години се воспостави соработка помеѓу училиштата СОУ „Јане Сандански“-Струмица и Средното Училиште Обровац од Хрватска.

Соработката се одвиваше на повеќе области од образованието, првенствено во областа на екологијата, потоа запознавање со наставата и размена на научни искуства и методи, запознавање со историите и традициите на двете земји. Соработката резултираше со четири средби.

Во периодот 24-26 мај 2019 година, СОУ „Јане Сандански“ беа поканети и присуствуваа на меѓународниот настан ЕВЕС( Еколошки викенд на екстремни спортови) со 32 ученика и 9 професори.(Славица Милева-Ефтимова, Софија Тошева, Маријана Христова, Драгица Стамболиска, Данче Палазова, Борка Дончева, Цикарски Атанас , Панов Наско и Кончалиев Гоце).

Учениците и професорите беа топло пречекани од ученици и професори од хрватското училиште, со вкусна домашно приготвена храна, карактеристична за нивното поднебје.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ