strumica denes logo

ПРИВЕДЕНА ЖЕНА ВО СТРУМИЧКО – ВО ДОМОТ ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА!

Автор:

Датум:

октомври 26, 2025

Автор:

Датум:

октомври 26, 2025

На 24.10.2025 во 17:45 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода женско лице. При претрес на нејзиниот дом, извршен со судска наредба, во помошна просторија до куќата пронајдена е марихуана.

Таа е задржана во полициска станица и со неа е извршен службен разговор. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.