Полициски службеници од СВР Струмица вчера вечерта го лишија од слобода М.М. (48) од струмичкото село Дражево, откако агресивно се однесувал и физички нападнал полицаец при извршување службени задачи.
Инцидентот се случил на 24 јануари 2026 година околу 20:30 часот во селото Смолари. Според информациите од полицијата, М.М. најпрво вербално и агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа и физички нападнал еден од нив.
Осомничениот бил приведен во 20:35 часот и задржан во Полициската станица Струмица. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
























