Припадници на министерството за внатрешни работи (МВР) го приведоа насилникот од Радовиш кој тепаше жена, а насилството го пренесуваше во живо на социјалната платформа „Тик Ток“. Лицето веднаш е однесено во станица, потврдуваат од МВР.
Вознемирувачкото видео се прошири на социјалните мрежи, а сведоци велат дека насилникот не ја малтретирал само бремената жена, туку и нејзините деца.