На 11.06.2022 во 06.55 часот во СВР Струмица Г.М.(30) од с.Просениково, струмичко пријавил дека околу 05.00 часот во близина на банка во Струмица бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.06.2022 во 16.30 часот во Полициска станица Струмица, К.К.(63) од с.Босилово пријавил дека околу 15.00 часот пред Медицински центар Струмица, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице вработено во установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.