strumica denes logo

ПРЕВКУСЕН РЕЦЕТ НА „БАЛКАН ТВИСТ“: Свинско со праз и ориз!

Автор:

Датум:

октомври 15, 2023

Автор:

Датум:

октомври 15, 2023

Потребни состојки:

– свински врат 🥩
– ориз 🍚
– праз
– кромид 🧅
– лук 🧄
– пиперка 🫑
– морков 🥕
– бело вино 🥂
– свински бујон
– зачини: сол, црн пипер, буковец, ловоров лист 🧂

Начин на подготовка:

🫑🧄🧅 Кромидот, лукот, морковот и пиперката насечете ги ситно или ставете во сецко или блендер.
🥩 Свинското насечете го на коцки и ставете да се пржи во тава со малку маст, а може и во масло.
🥘 Откако ќе зарумени месото, додадете го и зеленчукот да се пропржи.
По неколку минути додадете го и празот сечен на тркалца и оставете да се крчка неколку минути.
🍚 Потоа, во тавата додадете го оризот кој претходно ви стоел потопен во вода. Додадете и сол, црн пипер и чили и чаша вино.
🥘 Откако ќе испари виното, додадете свински бујон промешајте 2-3 минути и префрлете во земјен сад за печење. Додадете неколку листови ловоров лист, поклопете и печете саат време на 180 степени.

 

Видео: