strumica denes logo

ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ НА СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА: „НЕ ВОЗИ ПИЈАН“, „СТАВИ ПОЈАС“

Автор:

Датум:

јуни 19, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 19, 2021

Категории:

Струмица

Вчера (18.06.2021) Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи -Струмица во партнерство со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на магистралниот пат А4 Струмица-Ново Село реализираше превентивна акциска контрола, наменета за учесниците во сообраќајот.

За време на превентивната активност возачите добиваа превентивни совети за безбедно учество во сообраќајот и летоци насловени: „Стави појас!“, „Сигурносниот појас спасува живот!“, „СТОП за возењето под дејство на алкохол!“ и „Не вози пијан, ова лето безбедноста нека ти биде на прво место“.