strumica denes logo

Претставата „Таа“ денеска во НУЦК „Антон Панов“-Струмица

Автор:

Датум:

ноември 23, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 23, 2018

Категории:

Струмица

Хуморот и сатирата се преплетуваат во барањето на среќната балканска жена!

Монодрамата „Таа“ го прикажува статусот на жените во општеството.

Кој е моделот на балканската жена? Задоволна ли е од животот и дали го има зачувано чувството за хумор или напротив? Монодрамата „Таа“ ја допира севкупната слика за жената на Балканот.
Засега „Таа“ на Балканот не е променета. Некои жени имаат подобри работни места и состојбата им се подобрува, но повеќето се принудени да бидат само домаќинки кои готват. Нема разлика помеѓу македонската и бугарската жена. Во тој смисол и црногорките, туркините… си личат едни на други.

Актерката Оливера Аризанова потенцираше дека балканските жени треба да се сакаат повеќе, затоа што тоа е единствениот начин за и другите да ги сакаат повеќе. Жените треба да имаат поголема улога во општеството.

„Чувството за хумор блика од ликот кој таа го создава. Претставата е направена така што секоја жена од публиката да се почувствува дека е претставена на сцената“.

Билетарницата работи секој работен ден од понеделник-сабота од 08-21 и еден час пред претставата.
Резервации на тел. 071 205 264