Претставата „Стаклена менажерија“ во четврток во Струмица

октомври 16, 2018

Во четврток со почеток од 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе се одигра познатата претстава „Стаклена менажерија“. Од билетарницата не информираа дека работат секој работен ден од понеделник-сабота од 08-21 и еден час пред претставата. Може да резервирате на тел. 071 205 264

СТАКЛЕНА МЕНАЖЕРИЈА

Томас Ланиер Вилијамс III, или човекот познат под псевдонимот Тенеси Вилијамс, во далечната 1945 година ќе доживее голем успех на Бродвеј со праизведбата на неговата пиеса “Стаклена менажерија”. “Трговецот со ноќни кошмари на Бродвеј,” “заштитникот на отфрлените,” човекот од Југот, Тенеси Вилијамс, тогаш поправо и го започнува своето кралствување низ американските и светските театарски сцени – се’ до денес.

Постановката на ова дело на сцената на струмичкиот театар се случува како последица на сознанието дека и денес, во иста, а можеби и во уште поголема мера – болката и копнежот се супстанци без кои не се може. Исто како и потребата од љубов и потребата од бегство. Вистинската драма не може да се случи на друго место освен во микро-просторот на сопствениот дом, во стаклената купола во која се разлеваат тоновите на џезот, а ликовите на сцената не можат да бидат ништо друго освен наши ближни, можеби заборавени роднини, или, можеби, само наши двојници од некои други животи.
Претставата е обид за пронаоѓање на точката на вкрстување помеѓу сировоста на реалното и чудесноста на замислените и посакуваните светови. Слика на некое современо reality show кое полека и’ се измолкнува на стварноста.

Ацо Гогов, драматург

Режија: Драгана Таневска

Сценографија: Сергеј Светозарев

Костимографија: Ванчо Василев

Драматург: Ацо Гогов

Психодраматичар: Александра Михајловска

Психотерапевт : Габријела Бошков

Улоги:
Аманда Вингфилд – Тинка Ристеска

Лаура Вингфилд, нејзина ќерка – Анкица Бенинова

Том Вингфилд, нејзин син – Коста Ангов

Џим О’Конор – Ванчо Василев

Ве молиме пред влезот во салата да ги исклучите мобилните телефони.

Забрането е фотографирање, аудио и видео снимање.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: